Ahmet Dursun
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Во текот на изминатите 24 часа во Иран се пријавени 93 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се искачи на 5.574, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 1.168 лица се потврдени како позитивни на Ковид-19 во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени лица изнесува 88.194“, соопшти иранската државна телевизија, која го цитираше портпаролот на иранското Министерство за здравство, Кијануш Џиханпур.
Џиханпур изјави дека 66.596 лица се излекувале досега и биле пуштени од болниците, додека 3.121 се во критична состојба.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2,7 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот изнесува над 191.000.