Muhammet Kurşun
02 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 21.797, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починале уште 125 лица.
Таа информираше дека во земјата во последното деноноќие се дијагностицирани уште 1.858 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи се зголеми на 378.752.
Според Лари, 3.693 заразено лице се наоѓа во тешка состојба, а досега од вирусот оздравеле 326.801 лица.
Портпаролката нагласи дека во земјата досега се направени 3.281.961 тестирања за Ковид-19.