Muhammet Kurşun
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 22.293, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, истакна дека во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починале уште 139 лица.
Таа исто така информираше дека во земјата во последното деноноќие се евидентирани уште 1.992 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи се зголеми на 386.658.
Според Лари, 3.722 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а досега од вирусот оздравеле 333.900 лица.
Портпаролката нагласи дека во земјата досега се направени 3.380.264 тестирања за Ковид-19.