Muhammet Kurşun
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 52.196, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјавата за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 247 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 52.196.
Информира дека во земјата се дијагностицирани уште 7.451 случај на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемил на 1.108.269.
Според Лари, 5.723 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 812.270 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени над 6.704.000 тестирања за Ковид-19.