Muhammet Kurşun
14 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран во последните 24 часа починаа уште 179 лица како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 13.211, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа починале 179 лица, додека откриени се 2.521 нов случај.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се искачи на 13.211, додека вкупниот број на откриени случаи порасна на 162.173.
Лари нагласи дека 3.389 од пациентите се наоѓаат во тешка состојба, и дека 225.270 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Според Лари, досега во земјата направени се 2.023.079 тестирања за Ковид-19.