Muhammet Kurşun
30 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран од вирусот Ковид-19 починаа уште 147 лица, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 10.817, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, рече дека во последните 24 часа починале 147 лица како последица на Ковид-19 и дека се откриени уште 2.457 случаи со овој вирус.
Лари нагласи дека вкупната бројка на починати во земјата се зголемила на 10.817, додека вкупната бројка на откриени случаи со Ковид-19 пораснала на 227.662.
Истакнувајќи дека 3.049 лица се наоѓаат во критична состојба, Лари рече дека 188.758 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Таа напомена дека покраините Кирманшах, Хузестан, Хурмузган, Бушехр, Разави Хорасан и Западен и Источен Азербејџан се означени како „црвени зони“.
Лари додаде дека во земјата досега се направени вкупно 1.666.587 тестирања за Ковид-19.