Yusuf Özcan
14 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
ПАРИЗ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Франција е причина за смртта на 456 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го дадоа француските здравствени установи, во оваа земја во последните 24 часа се детектирани 23.794 новозаразени, зголемувајќи ја вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот на 1.922.504.
Во истиот период од последиците на заразеност со Ковид-19 во болниците починале 456 лица, а во последните 3 дена во домовите за стари лица животот го загубиле 476 лица. Вкупната бројка на починати од последиците на заразеност со коронавирусот во Франција изнесува 43.892.
Во француските болници продолжува лекувањето на 32.707 пациенти заразени со Ковид-19, од кои 4.903 пациенти се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега. Во последното деноноќие оздравеа 2.201 лице, вкупно 137.155 од почетокот на пандемијата.
Процентуално гледано, 17,7 отсто од тестираните во Франција биле позитивни на Ковид-19.
Премиерот Жан Кастекс одржа прес-конференција на која информираше дека делумно е намален текот на пандемијата благодарение на превентивните мерки против Ковид-19, што се спроведуваат во Франција. Информирајќи дека во последната недела бројката на новозаразени на дневно ниво забележува пад од 16 отсто, Кастекс рече дека во истиот период бројката на смртни случаи на дневно ниво се движи меѓу 400 и 500 лица.