Dmitri Chirciu
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 34.850, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата надмина 2 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 23.610 нови случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани се зголеми на 2.015.608.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 463 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 34.850.
Оздравеа уште 25.573 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.526.656 лица.
Во Русија досега направени се над 70,6 милион тестирања за Ковид-19.