Dmitri Chirciu
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 26.589, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.547.774, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 16.550 нови случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.547.774.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 320 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 26.589.
Оздравеа уште 12.844 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.158.940 лица.
Во Русија направени се над 58,2 милиони тестирања за Ковид-19.
Од друга страна, во Русија е донесена одлука за повторно интензивирање на мерките против Ковид-19.
Во рамки на оваа одлука, од утре ќе биде задолжително носењето маски на јавни места, во јавниот транспорт, такси-возилата, паркинзите и во лифтовите.
Исто така, од 23:00 до 6:00 часот ќе бидат затворени рестораните и кафулињата.