İbrahim Hakkı Çetinkaya,Şerife Çetin
31 Декември 2020•Ажурирај: 01 Јануари 2021
АНКАРА
Во светот со новиот тип коронавирус досега се заразени повеќе од 83 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка ситуација од почетокот на пандемијата од Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на заразување со Ковид-19 во светот е зголемен на 83.068.034.
Досега во светот од последиците од Ковид-19 починале 1.812.208 лица, додека оздравеа повеќе од 58,8 милиони лица.
Пандемијата од Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде што е потврдено заразување кај 20.216.991 лице. Починаа 350.778 лица.
Според бројот на заразени, по САД следуваат: Индија (10.267.283), Бразил (7.619.970), Русија (3.131.550), Франција (2.600.498), Велика Британија (2.432.888), Турција (2.194.272), Италија (2.083.689), Шпанија (1.921.115) и Германија (1.710.992).