Fuat Kabakcı,Nazlı Yüzbaşıoğlu
29 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
АНКАРА
Со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се заразени повеќе од 62,5 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на интернет станицата „Worldometer" покажуваат дека од последиците на Ковид-19 починале 1.458.485 лица.
Бројот на заразени е зголемен на повеќе од 62.592.000, а досега од Ковид-19 се опоравија 43.203.107 лица.
Највеќе случаи на заразување,13.610.357 лица, потврдени се во САД, каде од Ковид-19 починале 272.254 лица.
Други земји со највеќе заразени се Индија (9.393.039), Бразил (6.290.272), Русија (2.242.633), Франција (2.208.699) и Шпанија (1.646.192).
Други земји со највеќе починати се Бразил (172.637), Индија (136.733), Мексико (105.459), Велика Британија (58.030) и Италија (54.363).