Yusuf Özcan
01 Април 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
ПАРИЗ
Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќањето до јавноста од Елисејската палата ги повика Французите повнимателно да ги применуваат мерките донесени против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Наведувајќи дека епидемијата сѐ уште се шири со голема брзина, Макрон рече дека се правилни досега преземените мерки.
Макрон изјави дека мутираните видови на Ковид-19 брзо се шират во земјата и во Европа, и дека се посмртоносни.
Посочувајќи дека 44 проценти од оние кои се на интензивна нега се на возраст под 65 години, Макрон истакна дека треба да се преземат нови мерки против оваа состојба.
Претседателот Макрон исто така ја нагласи потребата од зголемување на капацитетите за интензивна нега во болниците.
Најавувајќи дека полицискиот час воведен за 19 региони поради епидемијата ќе се применува низ целата земја четири недели почнувајќи од 3 април, Макрон рече дека низ целата територија на земјата е воведен полициски час меѓу 19:00 и 6:00 часот.
Изјавувајќи дека луѓето ќе можат да пешачат околу 10 километри од своите домови, под услов да имаат дозвола од Министерството за внатрешни работи, Макрон исто така додаде дека по 5 април ќе бидат забранети и меѓуградските патувања.
Меѓу другото, Макрон истакна дека низ целата земја ќе бидат затворени сите продавници, освен оние за основни потреби.
Истакнувајќи дека градинките, основните училишта, средните училишта ќе бидат затворени три недели, Макрон рече дека градинките и основните училишта ќе бидат отворени на 26 април, додека средните училишта на 3 мај.
Информира дека луѓето на возраст од 60 до 70 години ќе можат да се вакцинираат од 16 април, оние на возраст од 50 до 60 години ќе можат да се вакцинираат од 15 мај, а оние на возраст под 50 години, од средината на јуни. Според Макрон, луѓето над 18-годишна возраст ќе можат да се вакцинираат до крајот на летото.
Претседателот на Франција, Макрон, изјави дека од средината на мај ќе бидат отворени некои установи од областа на културата.