ИСТАНБУЛ - Вселенската патријаршија во Истанбул, со донација од 300.000 турски лири во име на Патријаршијата и заедницата се вклучи во Националната кампања на солидарност што во Турција ја започна претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го даде Вселенската патријаршија во Истанбул се вели дека Вселенската патријаршија во Истанбул, која е верски центар на православните во овој период, во кој кризата со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да го бранува светот, како православни христијански лидери со особено внимание и чувство на голема одговорност одблизу ја следат ситуацијата.
Во соопштението во кое се препорачува секој да остане во сопствениот дом и да не излегува доколку тоа не е неопходно со цел да се заштити семејството, се вели: „Им честитаме и им ја изразуваме нашата благодарност на здравствените работници, кои несебично, и покрај сите потешкотии со кои се соочуваат во извршувањето на своите должности, борејќи се лице во лице со пандемијата, вложуваат огромни напори за да им помогнат на оние на кои им е потребна помош.“
- „Патријархот Вартоломеј му се моли на Господ“
Во соопштението се вели: „Покрај потполната поддршка на Националната кампања на солидарност, што нашиот почитуван претседател ја започна под слоганот ’Ние сме си доволни, моја Турцијо‘, во име на Патријаршијата и во име на грчката заедница, на 1 април дониравме 300.000 турски лири на сметката на „Зираат банка“. Воопшто не се сомневаме дека оваа кампања ќе ја постигне својата цел.“
Во соопштението се истакнува дека поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се преземени сите превентивни мерки и дека поради тоа во катедралата „Патрик“ во населбата Фенер и во црквата „Св. Ѓорѓи“ за јавноста се суспендирани сите ритуали, богослужби и верски церемонии, и се додава:
„Патријархот Вартоломеј кој непрестајно работи на разбирањето и солидарноста меѓу општествата, заштитата на животната средина и на воспоставувањето глобален мир, за време на богослужбата му се моли на Господ да стави крај на сите маки и страдања, наскоро успешно да заврши борбата што турската држава ја води против вирусот Ковид-19 и во најкусо време во целиот свет да се врати здравјето и благосостојбата.“