Cüneyt Karadağ
16 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во изминатите 24 часа е забележан 25.831 нов случај на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 3.099.273, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инстиутот „Роберт Кох“ соопшти дека во истиот период се пријавени 247 смртни случаи предизвикани од коронавирусот.
Вкупниот број на починати достигна 79.628, додека на одделите за интензивна нега се наоѓаат 4.679 пациенти кај кои е дијагностициран Ковид-19.
Во Германија во рамките на имунизацијата, првата доза на вакцина против коронавирусот ја примија 15.400.000 лица, додека 5.400.000 се ревакцинирани.