Ekip
04 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
КАБУЛ
Главниот помошник на авганистанскиот претседател, Јусуф Газанфар вечерва почина од последиците на Ковид-19, потврди официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Газанфар кој исто така е и водечки бизнисмен, не се чувствуваше добро веќе некое време, изјави портпаролот на претседателот, Шах Хусеун Муртазави.
Турската амбасада во Кабул изрази сочуство за неговата смрт.
„Со голема тага ја примивме информацијата дека попладнево од Ковид-19 почина Јусуф Газанфар. Сочуство до неговото семејства, авганистанскиот народ и авганистанската Влада. Нека почива во мир“, напишаа на Твитер.
Локалните медиуми претходно објавија дека многу лица блиски на претседателот Ешреф Гани биле позитивни на Ковид-19.
Овие извештаи не беа потврдени јавно од страна на официјалните претставници.
Сепак, портпаролот на претседателот потврди дека тетовите на претседателот и неговата сопруга биле негативни на Ковид-19.
Бројот на починати од Ковид-19 во Авганистан достигна 807, со повеќе од 32.000 позитивни на коронавирусот и над 16.000 оздравени.