Derya Gülnaz Özcan,Tevfik Durul
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
АТИНА (АА) - Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис е заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Владата на Грција, Јанис Иконому, на неделната прес-конференција соопшти дека Мицотакис е позитивен на коронавирусот.
Иконому рече дека грчкиот премиер за време на карантинот ќе работи од дома.
Од друга страна, Мицотакис преку социјалните мрежи укажа на важноста на администрираните три дози во насока на лесно надминување на овој вирус.
„Сигурен сум дека сè ќе биде во ред и наскоро повторно ќе бидам во мојата канцеларија“, нагласи Мицотакис.