Davut Çolak
30 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
КОПЕНХАГЕН
Европа и светот се соочуваат со се потешка дистрибуција на новоразвиени вакцини против коронавирусот (Ковид-19), а властите на Данска нарачаа количини кои се четири пати поголеми од бројот на жителите на оваа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за лекови на Данска соопшти дека се нарачани 41,6 милиони дози антиковид вакцини, што е доволно за вакцинација на 24,8 милиони луѓе, а данската популација брои 5,8 милиони.
Данците вакцините ги купуваат со посредство на Европската комисија и тоа вакцини на компаниите АстраЗенека, Санофи-ГСК, Џонсон и Џонсон, Бајонтех/Фајзер, КјурВак и Модерна.
Покрај тоа, Данска со договор за себе резервирала и додатни количини на вакцини доволни за вакцинација на уште три милиони луѓе и така направи план за имунизација на вкупно 27,8 милиони луѓе.
Бројни меѓународни организации ги критикуваат богатите држави дека нарачуваат и купуват прекумерни количини вакцини, не оставајќи простор за посиромашните земји да набават вакцини против Ковид-19.