Kemal Karadağ
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
АНКАРА
Во Турција денес се потврдени 73.285 пациенти кои се излекувале од Ковид-19, додека во изминатите 24 часа оздравени се 5.119 пациенти, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на починати од Ковид-19 во Турција се искачи на 3.520, од кои 59 смртни случаи се забележани во текот на изминатите 24 часа “, напиша министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер.
„Во земјата се забележани 1.832 нови случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 129.491“, додаде тој.
Исто така во текот на изминатите 24 часа се направени 33.283 тестови, со што вкупниот број на изработени тестови изнесува 1.204.421.
На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 1.338 пациенти.
„Продолжува тенденцијата на намалувањето на бројот на пациентите на одделението за интензивна нега, на бројот на интубирани пациенти и починати. Бројот на излекуваните пациенти е показател на успех“, напиша Коџа.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, вирусот се рашири во најмалку 187 земји и региони во светот, покажуваат податоците на Центарот за податоци за коронавирусот при американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Во светот има над 3,6 милиони позитивни на тестот за Ковид-19, над 253.400 смртни случаи и над 1,2 милиони оздравени пациенти.