Erdoğan Çağatay Zontur
15 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Витаминот Ц е едноставен, но е ефикасна молекула во борбата против Ковид-19, тврдат експертите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите најважни средства се хидроксихлорокин и фавипиравир. Покрај нив имаме и третман со витамин Ц во високи дози“, изјави професорот Мутлу Демирај, научен советник од Универзитетот за здравствени науки во Истанбул.
„Витаминот Ц не реагира со овие лекови, нема несакани ефекти и е безбеден“, додаде Демирај.
Нагласувајќи дека витаминот Ц е ефективен во лекувањето на Ковид-19, Демирај потсети на студија во научниот весник „JAMA“, каде што е истакнато дека примената на витаминот Ц кај пациентите што се на интензивна нега, со оштетување на белите дробови, го намалува ризикот од смрт за речиси 20 отсто.
Исто така според студијата спроведена на 50 средно сериозно заболени пациенти со Ковид-19 во Шангај, Кина, ниту еден пациент што бил лекуван со високи дози на витамин Ц не починал.
Со оглед на тоа како Ковид-19 предизвикува болест, многу е важно да се пази на имунолошкиот систем во борба против која било болест.
Демирај додаде дека витаминот Ц е познат по тоа дека му помага на имунолошкиот систем во борба против која било болест.
„Недостатокот на витамин Ц кај пациентите со Ковид-19 додатно го нарушува имунолошкиот систем, кој тогаш започнува да му штети на организмот“, наведе Демирај.
Откако се појави во кинески Вухан, во декември минатата година, Ковид-19 се прошири во речиси сите земји од светот.
Податоците покажуваат дека речиси два милиони луѓе низ светот се заразени, додека бројот на починати достигна 127.600.