Zehra Nur Düz
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА
Вкупно 144 лица во Иран починаа од последиците на коронавирусот во последните 24 часа, со што вкупниот број на починати изнесува 2.378 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џаханпур, изјави дека за 2.926 лица се потврдило дека се заразиле со вирусот, со што вкупниот број изнесува 32.332.
Оваа бројка е најголем скок во еднодневната бројка на случаи што досега се забележани во Иран.
„Исто така 676 лица се излекувале од Ковид-19 во последните 24 часа, со што вкупниот број на оздравени лица изнесува 11.133 лица“, вели Џаханпур.
„Бројот на лица што биле подложени на скрининг во здравството, како дел од националната кампања против вирусот започната на 5 март, сега достигнува 50 милиони, од вкупно население од околу 81 милион“, истакна тој.
Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 200 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус изнесува 532.000, Од последиците предизвикани од овој вирус починаа над 24.000 лица. Излечени се вкупно 122.000 лица.