Mustafa Melih Ahıshalı
15 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Како резултат на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во Иран починаа уште 113 лица , со што вкупната бројка на починати во оваа земја се искачи на 724, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевизија, Кијануш Џиханпур од Министерството за здравство на оваа земја истакна дека во последните 24 часа од заразата со Ковид-19 починале уште 113 лица во земјата.
Џиханпур рече дека вкупната бројка на починати од Ковид-19 во Иран се искачи на 724 лица, додека бројот на откриени случаи, на 13.938.
Тој нагласи дека 4.590 лица биле излекувани и отпуштени од болница.