Muhammet Kurşun
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Иран се искачи на 11.731, со зголемување од 160 во последните 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа како последица на овој вирус починале 160 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати во земјата пораснал на 11.731.
Според Лари, бројот на откриени случаи со Ковид-19 во земјата, со пораст од 2.613, се зголемил на 243.051.
Како што рече Лари, 3.201 лице од вкупниот број пациенти се наоѓаат во тешка состојба, а 204.083 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Лари истакна дека досега во Иран се направени 1.820.003 тестирања за Ковид-19.