Barış Seçkin
02 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 760 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати се искачи на 13.915 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната одбрана, Анџело Борели, на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 83.049 заразени со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 115.242 лица.
Тој нагласи дека се излекувани нови 1.431 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 18.278 лица.
Според него, во последните часа починале уште 760 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 13.915 лица.
Борели рече дека денес биле откриени 2.477 нови случаи со Ковид-19.
Се вели дека во Италија досега за 581.232 лица биле извршени тестирања за Ковид-19.
Од друга страна, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во своето писно до италијанскиот весник „La Repubblica“, нагласи дека Европа денес стои до Италија, но според неа тоа секогаш не било така, упатувајќи извинување до Италија.
Фон дер Лејен истакна дека Италија е земја која е најмногу погодени од Ковид-19 меѓу земјите членки на ЕУ.