Mehmet Şah Yılmaz
31 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со неговиот италијански колега, Луиџи ди Мајо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од дипломатски извори, телефонскиот разговор се случил на барање на Ди Мајо.
Во разговорот Ди Мајо му се заблагодарил на Чавушоглу за поддршката и соработката што Турција ја пружила на Италија во однос на борбата со новиот тип коронавирус Ковид-19.
Италија е најмногу погодена земја од новиот тип на коронавирус во светот. Бројот на починати достигна 11.660, а над 101.000 луѓе се заразени.