Seyit Aydoğan
07 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
ТОРОНТО (АА) – Канадскиот премиер Џастин Трудо соопшти дека од сите федерални јавни службеници во земјата се бара да примат вакцина против Ковид-19 до 30 октомври, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трудо на прес-конференцијата за новинари во главниот град Отава кажа дека освен јавните службеници, вработените во државните компании, сите патници кои сакаат да патуваат со авион, воз или преку море, се исто така обврзани да примат вакцина против Ковид-19.
Државните службеници мораат до 30 октомври да имаат доказ дека се целосно вакцинирани против Ковид-19.
Потребно е федералната власт да ја одобри одлуката за задолжителна вакцинација до 29 октомври.
Предвидено е вработените од јавниот сектор кои ќе ја одбијат вакцинацијата, да бидат пратени на неплатено отсуство од 15 ноември.
Работодавачите и вработените во воздушниот, железничкиот и бродскиот сектор, кој го регулира Сојузната влада, исто така имаат рок до 30 ноември да се вакцинираат.