Tevfik Durul
26 Ноември 2020•Ажурирај: 27 Ноември 2020
АТИНА
Карантинот во Грција, кој е на сила до 30 ноември, ќе биде продолжен уште една недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стелиос Петсас, портпаролот на Владата на Грција, изјави дека карантинот и полицискиот час во земјата, кои се на сила во периодот од 21:00 до 5:00 часот и беа планирани да важат до 30 ноември, ќе бидат продолжени до 7 декември.
Петсас рече дека оваа одлука е донесена поради континуираниот раст на бројката на заразени и смртни случаи.
Подвлекувајќи дека процентот на заразување е алармантен, особено во Солун, Серес, Лариса, Акарнанија и Лезбос, Петсас рече дека е прерано за ублажување на мерките, и покрај значителното намалување на бројката на заразени.
Поради зголемувањето на бројот на заразени лица во земјата, Грција воведе карантин на 7 ноември.
Според податоците што вчера ги објави Националната агенција за јавно здравје на Грција, бројот на пациенти заразени со Ковид-19 што се врзани на респиратор е зголемен на 597.
Вчера во Грција се детектирани 2.152 новозаразени, а починаа 87 лица носители на коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата во Грција, регистрирани се 97.288 случаи на зараза и 1.902 смртни случаи.