Emre Aytekin
10 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
АНКАРА
Кина до денес испрати 770 милиони вакцини против Ковид-19 во странски земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „Шинхуа“, Кина стана земја што обезбедила најмногу помош од вакцини за светот во епидемијата на Ковид-19. Бројот на дози испратени во странство од земјата достигна 770 милиони.
Претседателот Ши Џинпинг, во пораката што ја објави по повод Меѓународниот форум за соработка за вакцина против Ковид-19 на 5 август, истакна дека неговата земја има за цел да обезбеди 2 милијарди дози вакцини до крајот на оваа година, а исто така дека ќе донираат 100 милиони американски долари на програмата „Ковакс“ поддржана од Светската здравствена организација (СЗО).
Нагласувајќи дека Кина е посветена вакцините против Ковид-19 да станат глобално јавно добро, Ши рече: „Кина ќе стори сè за да им помогне на земјите во развој да се борат против епидемијата на Ковид-19.“
Вакцините против Ковид-19 произведени од кинеските компании Синофарм и Синовак се применуваат во повеќе од 100 земји. Вакцините одобрени за итна употреба од Светската здравствена организација (СЗО) се испраќаат до земјите што имаат потреба во рамките на програмата „Ковакс“.
Според податоците на СЗО, стапката на вакцинација во земјите со високи примања е до 51,15 проценти, додека во земјите со ниски приходи сè уште е 1,36 проценти.
Според веб-страницата „Ourworldindata“, каде што се собрани податоците за вакцинацијата, Кина е земјата во која се администрирани најмногу вакцини, вкупно 1 милијарда 780 милиони дози.