Ahmet Furkan Mercan
26 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
ТОКИО (АА) – Ковид-случаите кај акредитираните лица на Олимписките игри во Токио се искачија на 148, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Организациониот комитет соопшти дека Ковид-19 е откриен кај уште 15 лица што дошле во земјата како дел од Олимписките игри Токио 2020 година.
Тројца странски спортисти кои дошле во Јапонија за Олимпијадата се наоѓаат меѓу 15-те лица што се заразиле со вирусот.
Истакнато е дека спортистите не биле сместени во олимпискиот кварт во Харуми, во крајбрежната област на Токио.
Меѓу заразените со Ковид-19 се 8 официјални службеници и 4 лица што работеле со договор на дело.
Заразените се пренесени во карантин.
Со ова, ковид-случаите кај акредитираните лица на Олимписките игри во Токио се искачија на 148.