Ahmet Dursun
04 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
АНКАРА (АА) – Министерот за индустрија, рударство и трговија на Иран, Реза Рахмани, е заразен со новиот тип коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската интернет-страница „Асриран“, кај министерот Рахмани бил дијагностициран Ковид-19.
Рахмани, од болницата „Имам Хумејни“ во Техеран, каде што бил на лекување, бил пренесен во друга болница во Одделот за интензивна нега.
Како што пренесува интернет-страницата, во споредба со претходните денови состојбата на Рахмани е подобрена.
Во Иран поради коронавирусот Ковид-19 животот го загубија 77 лица, а бројот на заболени се зголеми на 2.336.
Меѓу оние на кои им е потврдено дека се заболени со коронавирус се наоѓаат заменик-претседателката Масуме Ибтикар, заменик-министерот за здравство Иреч Херирчи и 23 пратеници.
Поради коронавирусот животот го загубија еден од водечките свештеници на Иран, поранешниот амбасадор во Ватикан, Хуџетулислам Хади Хусревшахи, и членот на Советот за експедитивност на Иран, Мухамед Мирмухамеди.