Emel Gözellik,Mehmet Şah Yılmaz
29 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Според интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите од светот, досега од последиците предизвикани од Ковид-19 починаа 1.006.468 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 33.552.625, додека оздравеа 24.881.239 лица кои претходно заразени со коронавирусот. Продолжува лекувањето на 7.665.005 активни случаи.
Во Соединетите Американски Држави (САД), кои се земја со најголем број смртни случаи и со најголем број позитивни на Ковид-19, досега се детектирани 7.361.611 лица заразени со коронавирусот, а од последиците на Ковид-19 починаа 209.808 заразени.
Земји од светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со коронавирусот е над 300.000 се:
Индија (6.145.291), Бразил (4.748.327), Русија (1.159.573), Колумбија (818.203), Перу (808.714), Шпанија (748.266), Мексико (733.717), Аргентина (723.132), Јужноафриканска Република (671.669), Франција (542.639), Чиле (459.671), Иран (449.960), Велика Британија (439.013), Бангладеш (360.555), Ирак (353.566) Саудиска Арабија (333.648), Турција (315.845), Пакистан (311.516), Италија (311.364) и Филипини (307.288).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000 се:
Бразил (142.161), Индија (96.351), Мексико (76.603), Велика Британија (42.001), Италија (35.851), Перу (32.324), Франција (31.808), Шпанија (31.411), Иран (25.779), Колумбија (25.641), Русија (20.385), Јужноафриканска Република (16.586), Аргентина (16.113), Чиле (12.698), Еквадор (11.280) и Индонезија (10.473).