Emre Aytekin
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
АНКАРА
На светско ниво повеќе од 300.000 лица се излекуваа од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ прави секојдневно ажурирање на податоци во врска со Ковид-19. Според најново објавените податоци, во светот 300.601 лице се излекувале од новиот тип на коронавирусот.
Од оваа бројка 77.167 се лица што се излекувале во Кина, со што тоа е земја со најголем број на излекувани лица заразени од Ковид-19.
По Кина следат Шпанија со 43.208 излекувани, Германија со 36.081 излекуван, Иран 27.039, Италија 24.392, САД 21.316 и Франција со 19.337 излекувани лица.
Во кинескиот град Вухан во декември минатата година за првпат се појави новиот тип на коронавирусот кој за кус период се рашири во приближно 200 земји низ светот, преминувајќи во пандемија. Во моментов во светотсе регистрирани 1.410.061 случаи на заразени со Ковид-19, а 80.974 ги загубија животите. Се уште од заразеност со Ковид-19 се лекуваат 1.027.064 лица.
Процентот на смртност на пандемијата во светот изнесува 5,6%, додека процентот на излекувани е 2,4%.