Emre Aytekin
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
АНКАРА
По спроведените тестови на новиот тип коронавирус (Ковид-19), позитивни се над 3,9 милиони лица во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ постојано ги надополнува информациите поврзани со случаите на пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот. Според најновите информации, бројот на лица позитивни на тестот на Ковид-19 во светот изнесува 3.917.999.
Најголем број на лица позитивни на Ковид-19 има во САД - 1.292.850. Следуваат Шпанија со 256.855, Италија со 215.858, Велика Британија - 206.715, Русија - 177.160, Франција - 174.791, Германија - 169.430, Турција - 133.721, Бразил - 132.367 и Иран со 132.367 лица позитивни на новиот тип коронавирус.
Во континенталниот дел на Кина бројот на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 82.885.
Листата на земји од светот во кои бројот на лица позитивни на Ковид-19 е над 20.000 изгледа вака:
Канада - 64.835, Перу - 58.526, Индија - 56.351, Белгија - 51.420, Холандија - 41.774, Саудиска Арабија - 33.731, Еквадор - 30.298, Швајцарија - 30.126, Мексико - 27.634, Португалија - 26.715, Пакистан - 24.644, Шведска - 24.623, Чиле - 24.581, Ирска - 22.385, Сингапур - 20.939 и Белорусија - 20.168.
Новиот тип коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на декември минатата година се прошири во повеќе од 200 земји региони во светот.
Од заразеност со Ковид-19 животот го загубија 270.740 лица, оздравеа 1.344.265 пациенти, а продолжува медицинскиот третман на 2.302.986 лица.