Ali Cura
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
МОСКВА
Во Русија се детектирани 432.277 лица позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека од последици на заразеност со вирусот животот го загубија 5.215 заболени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенции на инфекции од коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа новиот тип коронавирус е откриен кај 8.536 лица, со што вкупниот број на лица кои биле позитивни на Ковид-19 се искачи на 432.277.
Во последното деноноќие во Русија, од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубија 178 заболени, со што бројката на починати се зголеми на 5.215, додека бројката на оздравени е зголемена за 8.972 лица и изнесува 195.957.
Центарот соопшти дека процентот на заразеност на дневно ниво изнесува 2% и дека кај 38,5% од новите случаи не се забележани симптоми.
Во Москва, која е центар на заразата во Русија, за првпат од 23 април бројката на новозаразени е под 2.000. Во последните 24 часа во градот детектирани се 1.842 новозаразени, вкупно 187.216, додека бројката на починати е зголемена за 61 лице и изнесува 2.685.
Во градот 91.654 лица заразени од вирусот оздравеле.
- 303.000 лица се наоѓаат под надзор
Службата за заштита на човековото здравје и права на потрошувачите на Русија информира дека во последните 24 часа извршени се 274.000 тестови, со што вкупната бројка на спроведени тестирања изнесува повеќе од 11 милиони и 400 илјади.
Во соопштението се наведува дека 303 илјади лица се наоѓаат под надзор.