Şenhan Bolelli
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
МАДРИД (АА) - Реал Мадрид (Шпанија), Баерн Минхен (Германија) и Интер (Италија), едни од најголемите клубови на европскиот фудбал, одлучија да организираат троен турнир за поддршка на здравствените работници погодени од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничката писмена изјава од трите клуба се наведува дека натпреварите ќе се организираат во 2021 година под името „Европски куп на солидарност“ и ќе се играат во Милано, Минхен и Мадрид.
Клубовите Реал Мадрид, Баерн Минхен и Интер, во заедничкото соопштение, истакнувајќи дека сакаат да ја пренесат пораката за „Солидарност и братство меѓу народите во Европа“, најавија дека приходите од натпреварите ќе бидат пренесени на здравствените работници кои се херои во борбата против Ковид-19.
Наведено е дека натпреварите меѓу трите екипи ќе се играат во 2021 година и тоа во време кога ќе биде дозволено љубителите на фудбалот да влегуваат на стадионите.
„На сите натпревари, клубот домаќин ќе покани претставник на здравствените работници кои ја продолжуваат борбата со епидемијата. Како три клуба, сакаме да покажеме почит, благодарност и солидарност со овие херои“, се истакнува во заедничкото соопштение од овие три европски клуба.