Islam Doğru
26 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
ЊУЈОРК
Епидемијата на новиот тип коронавирус, Ковид-19, во САД одзеде повеќе од 1.000 животи, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД се една од земјите во светот во која епидемијата на Ковид-19 е со тешки последици, а според ажурираните податоци пред околу 12 часа објавени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во оваа земја детектирани се 13.334 нови случаи на лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка заразени изнесува 55.238, додека има нови 236 смртни случаи, со што како последица на заразеност од новиот тип на коронавирусот, досега во САД починаа 1.038 лица.
Вчера објавивме дека во САД се детектирани 46.481случај на заразени од Ковид-19, а беа регистрирани 593 смртни случаи.
Според бројот на заразени лица од Ковид-19, САД се наоѓаат на трето место зад Кина, во која се детектирани 81.667 случаи на лица заразени од овој вирус, и по Италија со 74.386.
Американската сојузна држава Њујорк со 33.006 детектирани случаи и 366 смртни случаи е држава во САД во која новиот тип на коронавирусот е најефикасен.