Muhammed Emin Canik,Nuri Aydın
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.237 лицa, во Индија 886 лица, а во Мексико 819 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.237 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 98.493 лицa.
Во земјата се откриени уште 53.139 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.912.212.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 2.047.660.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 886 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 41.585.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 62.538 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 2.027.074.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 1.378.105 лица.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 819 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 50.517.
Во Мексико се откриени уште 6.590 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 462.690.
Досега во земјата се излекувани 308.848 лица.