Ata Ufuk Şeker
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
БРИСЕЛ (АА) - Меѓународнатa консултантска компанија „Мекинзи“ објави дека поради новиот вид коронавирус загрозени се 59 милиони работни места во европските земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„McKinsey & Company“, која пружа консултантски услуги на разни компании и јавни институции, објави студија за влијанието на Ковид-19 врз вработеноста во Европа.
Наведено е дека Ковид-19 е јавноздравствена криза и дека мерките преземени против епидемијата довеле до сериозни последици за фирмите и вработените, и дека нанеле штета на економијата.
Во студијата, во која се наведува дека претпријатијата имаат потешкотии во исполнувањето на своите финансиски обврски со запирањето на стопанската активност во многу сектори, објавено е дека многу компании ги проценувале промените на работната сила поради неизвесноста.
„Проценуваме дека кризата предизвикана поради Ковид-19 загрози околу 59 милиони работни места во Европа“, наведуваат од „Мекинзи“.
Тие сметаат дека милиони работници во Европа би можеле да се соочат со скратено работно време, неплатен одмор или со отпуштање.
Наведуваат и дека епидемијата во наредните месеци би можела речиси да ја удвои стапката на невработеност во Европа. Најмногу би можеле да бидат погодени работниците од услужните дејности.