Barış Seçkin
04 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
РИМ
Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, кај кого претходно е потврдено заразување со Ковид-19, е превентивно хоспитализиран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Италијанските медиуми јавија дека Берлускони (83) е превентивно сместен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, каде што е подложен на одредени тестови и надзор.
Кажано е дека клиничката слика на Берскулони не е во стадиум кој предизвикува загриженост, а спроведените анализи покажуваат на билатерално воспаление на белите дробови во ран стадиум.
Личиа Ронцули од партијата на Берлускони, Форца Италија!, во програмата за италијанските медиуми потврди дека Берлускони ја поминал ноќта во болница.
„Беше потребно превентивно да се пренесе во болница за да се следи напредокот на Ковид-19, а неговата состојба е добра“, наведе таа.
Од партијата ги повикаа граѓаните да не обрнуваат внимание на вознемирувачките вести за здравствената состојба на челникот на партијата и ги повикаа да се почитува неговата приватност.