Mutlu Demirtaştan
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ПАРИЗ
Францускиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ) донираше повеќе од 200.000 евра за помош на медицинскиот персонал кој се бори против ширењето на коронавирусот во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Управата на клубот соопшти дека преку интернет во продажба се пуштени 1.500 дресови со натпис „Tous Unis“ (Сите заедно) и сите дресови се продадени за помалку од 12 часа.
Во соопштението се наведува дека повеќе од 200.000 евра се заработени од тие дресови и дека парите ќе бидат испратени на медицинскиот персонал во болниците во Париз.
Според податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во Франција со коронавирусот се заразени 29.567 лица, а од последиците на заразувањето починаа 1.698 лица.