Gözde Bayar
07 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на потврдени случаи на новиот тип коронавирус, Ковид-19, во земјите од Латинска Америка продолжува да се зголемува и во изминатото деноноќие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
- Перу -
Здравствените власти во Перу пријавија 139 нови смртни случаи од вирусот во изминатите 24 часа.
Бројот на починати се искачи на 5.301, додека бројот на дијагностицирани случаи со вирусот достигна 191.758, со 4.358 дополнителни случаи.
Најмалку 82.731 лице се излекуваа од вирусот.
Перу го пријави својот прв случај на 6 март, а првиот починат пациент како последица на вирусот на 20 март.
- Колумбија -
„Во Колумбија досега се регистрирани 60 смртни случаи од коронавирусот“, соопшти Министерството за здравство.
Билансот на починати се искачи на 1.205, додека бројот на дијагностицирани надмина 38.000 со 1.392 нови случаи во изминатото деноноќие.
- Гватемала -
Во Гватемала потврдени се 58 смртни случаи од коронавирусот, јавија локалните медиуми.
Тоа е најголем број смртни случаи регистрирани во еден ден од почетокот на пандемијата, додека вкупниот број изнесува 216.
Бројот на дијагностицирани случаи достигна 6.485, со 331 нов случај, додека оздравени се 1.053 пациенти.
- Свет -
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, вирусот Ковид-19 се прошири во речиси 200 земји и региони во светот.
Пандемијата досега зеде над 398.000 животи во светот, има над 6,8 милиони дијагностицирани случаи, додека од вирусот се излекуваа повеќе од 3 милиони луѓе, покажуваат најновите податоци на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.