Elena Teslova
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Русија денеска регистрира нов рекорден број на дневни смртни случаи како последица на коронавирусот - 1.247 лица починале во текот на изминатиот ден, зголемувајќи ја вкупната бројка на 259.084, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во истиот период, 36.626 луѓе се заразиле со вирусот, зголемувајќи го бројот на случаи во Русија на 9,18 милиони, а активните случаи на 1,04 милиони“, соопшти работната група за коронавирусот во дневниот извештај.
Во меѓувреме, 36.388 пациенти оздравеле од вирусот Ковид-19 до вторникот, доведувајќи ја бројката на оздравени на 7,88 милиони.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година пандемијата зела над 5,1 милион животи во 192 држави и региони во светот, со преку 254,4 милиони заразени.