Ali Cura
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, вкупниот број на заразени од новиот вид коронавирус, Ковид-19, се искачи на 584.680, а вкупниот број на починати на 8.111, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот Центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во последните 24 часа потврден е вирусот кај уште 7.728 лица, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 584.680.
Во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 109 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 8.111.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на оздравени достигнал 339.711, со пораст од 5.119 во последното деноноќие.
Центарот, исто така, информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 1,3 проценти, при што кај 30,2 отсто од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во Москва во последните 24 часа од коронавирусот починаа 32 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 3.597.
Бројот на евидентирани случаи во текот на 24 часа во Москва се намали под 1000. Детектирани се 968 лица позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 213.946.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата изнесува над 16.900.000.
Во соопштението исто така се наведува дека 310.000 лица се наоѓаат под надзор.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 31 јануари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.