Dmitri Chirciu
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија во последните 24 часа е регистриран рекорден број нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 28.145 нови случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 2.375.546.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа рекордни 554 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 41.607.
Оздравеа уште 29.502 лица, со што вкупниот број на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.859.851 лице.
Во Русија досега направени се над 77,6 милиони тестирања за Ковид-19.