Abduljabbar Aburas
04 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Руските здравствени власти денес објавија дека регистрирале 25.142 нови случаи на коронавирусот во изминатите 24 часа, најмногу од 2 јануари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупниот број на заразени достигна 5.610.941, според здравствените власти.
Дневниот биланс на починати е помал бидејќи земјата регистрира 663 нови смртни случаи предизвикани од коронавирусот, наспроти 697 смртни случаи вчера.
Во Русија од почетокот на пандемијата регистрирани се 137.925 починати од Ковид-19.
Зголемувањето на бројот на заразени лица во Русија во изминатите неколку недели беше предизвикано од појавата на делта-варијантата на коронавирусот, која многу побрзо се шири.
Русија не може да се пофали ниту со добра имунизација, со оглед на тоа што досега само една доза на вакцина примиле 11,8 отсто од полнолетната популација.
Кампањата го нема очекуваниот резултат ни откако рускиот претседател, Владимир Путин, кажа дека лично ја примил руската вакцина „Спутник ве“ и ги повика граѓаните да го направат тој клучен чекор во борбата против пандемијата.