Esin Eşkinat Sayılgan
03 Ноември 2021•Ажурирај: 04 Ноември 2021
ЊУЈОРК
Констатирано е дека проблемот со бездомништвото, кој со децении не е решен во Сан Франциско, еден од најголемите градови на американската сојузна држава Калифорнија и центар на технолошката индустрија, го достигна својот врв од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а изградбата на станови во градот забави поради епидемијата, известува Агенција Анадолија (АА).
Според анализата што ја спроведе Националната алијанса за ставање крај на бездомништвото, на почетокот од 2020 година, пред кризата со Ковид-19, повеќе од 8.100 луѓе живееле на улиците во Сан Франциско, што е еквивалентно на 92 на секои 10.000 луѓе.
Мајкл Шеленбергер, авторот на книгата „Сан Франциско“, објавена оваа недела во САД и шеф на непрофитната организација „Енвајроментал прогрес“ (Environmental Progress), изјави дека поради Ковид-19 било наредено да се намали бројот на луѓе кои престојуваат во затворите и засолништата во Калифорнија, што е причина поголем број луѓе да останат на улица. Шеленбергер тврди дека ментално нестабилните лица не биле приведени, и покрај нивното агресивно однесување.

Сепак, менталните болести и користењето на дрога одразуваат само еден од аспектите на кризата со бездомниците во градот.
Според податоците на Институтот „Брукингс“, Сан Франциско е еден од најскапите градови за живеење во САД.
Во исто време, станува збор за втор град по Атланта во кој се забележува најголемата неправда во распределбата на приходите.
Додека 5 отсто од населението во градот заработува над 350.000 долари годишно, приходите на 20 отсто од населението се помалку од 20.000 долари.

Здружението на потстанари во Сан Франциско посочува дека киријата на стан со две спални во центарот на градот, која во 2011 година изнесувала 1.900 долари, во 2012 година се зголемила на 3.500 долари, додека сумата за изнајмување на таков стан оваа година изнесува над 5.000 долари, но од друга страна, приходите по жител во градот не покажуваат слично зголемување.
Фактот дека во Сан Франциско вработените во технолошките компании како што се „Гугл“, „Фејсбук“, „Твитер“ имаат шестцифрен годишен приход, е причина за зголемувањето на кириите и трошоците за живот во градот.
Некои експерти тврдат дека вистинскиот проблем е дебалансот меѓу понудата и побарувачката во секторот за домување.
Врз основа на истражувањето на „МекКинси глобал институт“, McKinsey Global Institute според кое е потребно да се изградат 3,5 милиони нови домови за да се реши станбената криза во градот, Гевин Њусом, гувернерот на Калифорнија, во својата изборна кампања вети дека ќе ги изгради овие домови.
Меѓутоа, откако Њусом ја презеде функцијата гувернер, изградбата на станови во државата беше ограничено на 100.000 единици годишно.

Мајкл Шеленбергер, новинар и писател, обвинува дека неразбирањето на градската култура на толеранција и погрешно креираната етичка политика се виновни за настанатите проблеми во Сан Франциско. Истакнувајќи дека левицата сочувствува со власта за слабото спроведување на законите, Шеленбергер тврди дека поради таквата ситуација, во градот се замижува и пред продавачите на дрога.
Информирајќи дека бројот на луѓе кои починале од предозираност со дрога во Сан Франциско минатата година ги надминува оние починати поради Ковид-19, Шеленбергер го постави прашањето: „Кој град построго ги контролира продавниците за сладолед од дилерите на дрога кои убиваат 713 луѓе годишно?“