Emre Aytekin
14 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
АНКАРА
Делегацијата на Светската здравствената организација (СЗО) која се состои од неколку експерти допатува во кинескиот град Вухан, во кој првобитно се појави новиот тип на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Делегацијата која се состои од научници и експерти од САД, Австралија, Германија, Јапонија, Велика Британија, Русија, Холандија, Катар и Виетнам во утринските часови допатува на аеродромот.
Членовите на тимот по доаѓањето веднаш се тестирани на Ковид-19 и ставени во карантин.
За време на перидот од 14 дена карантин, со кинеските официјални претставници ќе одржува онлајн состаноци и така ќе започне со работа.
Сепак, не се дадени информции во кој обем ќе се спроведува истражувањето и дали експертите ќе собираат примероци.
Делегацијата на СЗО минатата недела отпатува во Кина, но со оглед на тоа што властите на Пекинг не ги одобрија потребните визи, би морала да се врати.
Ковид-19 за прв пат во светот се појави кон крајот на 2019, кога СЗО соопшти дека во кинескиот град Вухан се појавила мистериозна респираторна болест чија причина не е позната.
Болеста наводно се појави кај лица кои посетиле пазар со морски плодови во Вухан, а се претпоставува дека станува збор за мутација на бетакоронавирус. Сепак, утврдено е дека станува збор за новиот тип на коронавирус.
Кина претходно го отфрли барањето на американската администрација за покренување на истрагата за потеклото на вирусот, а откако австралиските власти упатија меѓународен повик на СЗО да покрене истрагата, дојде до одредени ограничувања на ивозот кон оваа земја.