Faruk Zorlu
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
АНКАРА (АА) - Водечка турска фармацевтска компанија соопшти дека денес произвела лек за кој е утврдено дека може да даде позитивни ефекти во лекувањето на заболување предизвикано од коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Според резултатите од истражувањата, го произведовме првиот контингент на производ кој покажа позитивни резултати во лекување на заболените од новиот тип на коронавирусот и го презентиравме на Министерството за здравство", се наведува во соопштението кое го објави компанијата „Абди Ибрахим" (Abdi Ibrahim) на социјалните мрежи.
Од компанијата им се заблагодарија на лекарите, фармацевтите, медицинските сестри и медицинскиот персонал на напорите кои ги вложуваат во борбата против ширењето на коронавирусот.
Коронавирусот кон крајот на минатта година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс" во светот со коронавирусот се заразени повеќе од милион луѓе. Од последиците на заразувањето починаа повеќе од 55.000 лица, а излекувани се повеќе од 219.000 лица.