Mümin Altaş
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 92.691, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 36.187 тестирања за Ковид-19, од кои 1.542 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 47 лица како последица на оваа пандемија.
Во Турција се направени вкупно 1.370.598 тестирања, откриени се вкупно 138.657 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 3.786 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 1.154 лица, додека вкупно се излекувани 92.691 лице.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Оваа слика ја менувавме заедно со 83 милиони лица. Со упорно спроведување на мерките сериозно да ја продолжиме нашата борба без да направиме ублажување. Бројот на излекувани лица наскоро ќе достигне речиси 100.000“, напиша Коџа.