Yusuf Özcan
25 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.752 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 81 нов случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 198.824.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 9.141 лице, од кои 651 се наоѓа на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 224 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 75.351.
Во последните 24 часа почина 21 лице поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 29.752.