Yusuf Özcan
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 25.987 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Потврдени се уште 746 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 209.444.
Во болниците се лекуваат 23.208 лица, од кои 2.961 се наоѓаат во интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 245 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус се искачи на 55.027.
Во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 178 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 25.987, од кои 16.386 лица починале во болници, и 9.601 во домовите за стари лица.